ФУДБАЛ

Астон Вила би сакала да се ослободи од Емилијано Мартинез, наместо него ќе пристигне светска сензација?

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, одлучил да го продаде аргентинскиот голман Емилијано Мартинез во зимскиот преоден рок, пренесува шпанскиот портал „Фихајес“.

Мартинез неодамна го освои Светското првенство во Катар со Аргентина, но потоа се најде на мета на критики ширум светот поради недоличното однесување за време на прославата на шампионската титула.

Емери ја презеде Астон Вила пред два месеци, а неодамна го критикуваше аргентинскиот голман за неговото однесување по Светското првенство.

“Кога емоциите се силни, тешко е да се контролираат. Сепак, кога ќе се врати во клубот, ќе разговарам со него за некои ситуации од прославата по освојувањето на титулата. Кога ќе дојде во нашиот клуб, тогаш тоа е наша одговорност “, изјави Емери пред неколку дена.

Мартинез брилјираше со своите одбрани на Светското првенство во Катар, но шпанскиот сајт тврди дека неговиот темперамент и карактер не се по вкусот на Емери, кој на челниците на клубот им порача дека во моментов најдобро е Астон Вила да го продаде аргентинскиот голман.

Емери наводно веќе нашол замена за Мартинез, а тоа е голманот на Севиља и на мароканската репрезентација Јасин Боно, кој се истакна и на Светското првенство во Катар. Севиља бара 40 милиони евра за мароканскиот репрезентативец, а преговорите меѓу двата клуба треба да започнат на почетокот на следната година.