Лоша вест ја погоди Астон Вила, бидејќи двајца првотимци се „заглавени“ во болницата.
Астон Вила преку официјалната веб-страница објави дека Весли и Том Хајтон ја завршија сезоната.
Напаѓачот, Весли, мораше да го напушти теренот во 71. минута, поради повредата на дуелот против Барнли, а 15 минути подоцна беше повреден голманот Хајтон.
Лигаментите на коленото беа повредени и кај двата, па извесно е дека Астон Вила ќе биде без нив до крајот на сезоната.
Обајцата летово дојдоа во Астон Вила и беа дел од првиот тим. Весли има шест гола на 22 настапи, а Хајтон бранеше на 20 од 21 натпревар во Премиер лигата.