Астон Вила донесе неколку одлични засилувања.
Откако Стивен Џерард беше назначен за шеф на стручниот штаб, во клубот пристигнаа неколку познати имиња како Филипе Кутињо и Лукас Дињ.
Но, се чини дека тука не е крајот на позитивните изненадувања за навивачите на овој тим. Според медиумите на Островот, Виља е заинтересиран да го доведе Родриго Бентанкур од Јувентус.
Имено, стабилниот англиски прволигаш ќе се обиде да го заврши овој трансфер до крајот на јануари.
Договорот на Бентанкур со Јувентус истекува во летото 2024 година, па Старата дама сигурно ќе бара убава сума на пари за неговите услуги, особено што тој е многу стандарден оваа сезона и одигра 26 натпревари со три асистенции.
Да потсетиме, Бентанкур ја започна својата кариера во Бока Јуниорс од каде дојде во Јувентус во летото 2017 година.
24-годишниот фудбалер беше трикратен шампион на Италија со Јувентус, а два пати го освои Купот и Суперкупот на оваа земја. Треба да се спомене и дека со Бока Јуниорс два пати го крена пехарот наменет за аргентинскиот шампион.
За репрезентацијата на Уругвај веќе има 45 настапи, а со селекцијата на оваа земја до 20 години го освои јужноамериканскиот шампионат.