Астон Вила нема многу избор и ќе мора да игра со младинскиот тим против Ливерпул во ФА купот, откако во списокот на тимот од Бирмингем се појавија низа позитивни случаи на коронавирус.
Тренинг центарот во Астон Вила е затворен поради големиот број позитивни на коронавирус, а оваа екипа вечерва треба да ги одмери силите со Ливерпул во натпреварот од ФА купот.
Би-Би-Си објави дека натпреварот најверојатно ќе се одигра и Астон Вила ќе мора да излезе на теренот со играчи кои играат за јуниорите.
Како што беше претходно најавено, претставниците на клубовите преговараа со Фудбалската асоцијација (ФА) и Премиер лигата. Дали ќе се игра натпреварот, но по се изгледа дека натпреварот ќе се игра.