ФУДБАЛ

Аталанта гази кон Лигата на шампионите, Каљари постигна големи поени во борбата за опстанок

Во 15 часот се одиграа три натпревари од 35. коло во Серија А.

Двата дуели имаа огромно резултатско значење.

Аталанта ја совлада Парма на гости со 2:5 и направи важен чекор кон пласман во Лигата на шампионите следната сезона. За тимот од Бергамо стрелци беа Малиновски во 12-та, Песина во 52-та, Муриел во 77-та и 86-та минута и Миранчук во 93-та минута од натпреварот. За Парма ги постигнаа Брунета во 78-та и Сом во 88-та минута.

Беневенто и Каљари одиграа директен судир во борбата за опстанок, а гостите од Сардинија славеа со 1:3 и се оддалечија на четири бода од зоната за испаѓање. Каљари поведе со голот на Ликојанис уште во првата минута. Лападула израмни на 1:1 во 16-та минута, а Павлоети им донесе нова предност на гостите со погодокот во 64-та минута. Конечните 1:3 ги постави aоао Педро во 93-та минута од натпреварот.

На третиот дуел од 15 часот Верона и Торино ремизираа 1:1. Торино поведе со голот на Војводата во 86-та минута од играта, а Ди Марко погоди во 89-та за 1:1. Ова реми значеше многу повеќе за гостите, кои помирно влегуваат во последните три кола кога станува збор за борбата за опстанок.

ПОВРЗАНО

Серија А