ФУДБАЛ

Аталанта сакаше да ги изненади навивачите со нови дресови, сега трпат жестоки критики и навреди

Аталанта вчера објави дека викендов ќе игра против Рома во нови дресови.

Аталанта објави божиќен комплет. Новите дресови се направени од специјални ткаенини, а има и визуелни промени. Најголемо внимание е насочено кон силуетите на зградите во Бергамо на дното на дресот.

Сепак, овој детаљ едноставно ги шокираше навивачите на Аталанта, кои тврдат дека дресот го прикажува Торино, а не Бергамо и дека силуетите на зградите и градбите неодоливо потсетуваат на Торино.

Во врска со инцидентот, Аталанта на својата веб-страница објави официјално соопштение од брендот за спортска опрема Јома, кој ги изработи дресовите.

„Јома спорт нагласува дека силуетата на градот прикажана на божиќниот сет на Аталанта го претставува профилот на градот Бергамо и не се однесува на ниту еден друг град. Бидејќи станува збор за стилизација, разбираме дека некои детали можеби не одговараат на вообичаениот поглед, а свесни сме за фактот дека има многу погледи на хоризонтот на Бергамо. Прикажувајќи го градот, сакавме да дадеме посебен поглед на некои од елементите на градот Бергамо, знаејќи дека ќе добие посебно внимание, бидејќи е создаден за добротворни цели на клубот. Со жалење забележуваме дека ниту еден медиум, вклучително и локалните, не стапил во контакт со Јома или Аталанта и не побарал информации за деталите за прегледот на градот пред тој да започне контроверзии на социјалните мрежи и да шири неточни информации“, се вели во соопштението.

Сепак, навивачите не го кријат незадоволството, тврдат дека клубот се срами и дека треба да ги повлече дресовите чија цена е 145 евра по парче.