ФУДБАЛ

Аталанта славеше убедлива победа, Милан повторно ги разочара навивачите

Денеска се игра 18. коло од Серија А.

Аталната ја пречека екипата на Парма и славеше висока победа од 5:0 пред своите навивачи.

Домаќините преку голот на Гомез во 11. минута го отворија резултатот на натпреварот, а во 34. минута Фреулер го дуплираше водството, конечните 3:0 во првото полувреме ги постави Госенс во 43. минута.

Гостите во првото полуврене реализираја само 3 шута од кој само еден беше во рамките на голот, а во второто полувреме Спортиело немаше работа, бидејки Парма не реализира шут.

Илиќ кој во 60. и 71. минута постигна два гола ги постави конечните 5:0.

Милан и покрај засиливањето од страна на Ибрахимовиќ не успеа да слави против Сампдорија.

Ибрахимовиј во 55. минута го направи соето деби за Милан но не успеа да постигне гол.

ПОВРЗАНО

Серија А