Во натпреварот од 10. коло од италијанската Серија А, Аталанта ја надигра Парма со 3:0.
Аталанта пред своите навивачи одигра одличен натпревар и имаше голема победа, втора по ред по високата победа над Киево.
Инаку, во претходните осум кола запишаа само една, а сега во две кола две победи.
Она што е интересно е дека црно-сивите головите во натпреварот со Парма ги постигнаа во вторите 45 минути.
Првиот во 55. минути Гаглиоло ја потресе сопствената мрежа, но во 72 минута Паломино по асистенција на Манчини зголеми на 2:0, а потоа Манчини сам во 80 минута постигна гол и ја запечатени победата на домашната екипа (3:0).
Аталанта сега е на 12 место со 12 поени, а со бод повеќе на 11 место е Парма.