ФУДБАЛ

Атлетико е во преговори за продолжување на договорот со дефанзивецот Фелипе

Атлетико Мадрид има намера да го продолжи договорот со дефанзивецот Фелипе, тврди новинарот Николо Шира.

Клубот од Мадрид влезе во преговори со 32-годишниот Бразилец и му нуди договор до крајот на јуни 2024 година.

Фелипе е во Атлетико Мадрид од јули 2019 година. Актуелниот договор на играчот е со важност до крајот на јуни 2022 година.

Дефанзивецот оваа сезона одигра 20 натпревари за тимот од Мадрид, има два гола и една асистенција.