ФУДБАЛ

Атлетико ја потврди разделбата со Луис Суарез

Атлетико вечерва играше против Севилја во натпреварот од 37. коло на шпанската Ла Лига, а воедно ќе биде можност навивачите на домашниот тим да се простат од Луис Суарез.

Атлетико ги замоли своите навивачи да останат уште малку на стадионот по натпреварот за да се простат од искусниот уругвајски напаѓач.

Диего Симеоне, како што вети, ќе му даде минутажа на Уругваецот за достојно да се прости од навивачите кои ги развеселуваше изминативе две сезони. На теренот мина 65 минути во дуелот со Севиља (1:1).

 

„Тој има 35 години, улогата му стана второстепена во тимот, нивото на игра му падна. Симеоне имаше верба во него на почетокот на сезоната, но како што минуваа месеците ја губеше довербата во него“, пишува Мундо Депортиво. неодамна.

 

Суарез дојде од Барселона во Атлетико во 2020 година. Неговото доведување се покажа како одличен потег и Атлетико ја освои титулата.

 

Искусниот напаѓач за мадридскиот тим одигра 81 натпревар и постигна 34 гола.

 

Се уште не се знае во кој клуб Суарез ќе ја продолжи кариерата и во кој најверојатно ќе ја заврши својата богата кариера.

 

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига