ФУДБАЛ

Атлетико Мадрид донесе многу важна одлука за зимскиот трансфер период

Атлетико Мадрид донесе неколку засилувања во текот на летото.

Секако, најзвучното име беше Жоао Феликс, за кого беа исплатени 126 милиони евра, а покрај него, мадридскиот клуб плати вкупно 117 милиони евра за Маркос Љоренте, Марио Хермос, Киеран Трипиер, Фелипе и Ренан Лоди.

Тимот предводен од Диего Симеоне во моментов е добро пласиран на табелата и се наоѓа на 3-то место со само еден бод зад водечката Барселона.

Сепак, Атлетико се бори со постигнување голови оваа сезона и успеа да постигне само 8 гола на 13 натпревари во Ла Лига.

И покрај ова, овој клуб одлучи да не донесе засилување во нападот, но и на други позиции, пренесува „Марка“.

Наведено е дека Атлетико смета дека сите 22 играчи кои започнаа оваа сезона треба да ја завршат.

Мадридскиот клуб треба прво да продаде некои играчи ако сака да донесе нови играчи, но се наведува дека нема намера да продава играчи од првиот тим, па очигледно нема да видиме нови имиња во составот на Диего Симеоне.

ПОВРЗАНО

Ла Лига