Фудбалскиот клуб на Атлетико Мадрид го потврди доаѓањето на Аргентинецот Николас Ибанез.
Тоа е 24-годишен напаѓач кој доаѓа од Сан Луис, мексикански тим кој е филијала на Атлетико Мадрид.
Интересно е тоа што споменатиот клубот минатата сезона играше мексиканската втора лига, а Ибанез има вкупно 43 натпревари, постигна 22 гола и помогна на тимот да постигне повисок ранг.
Симеоне ги следеше неговите натпревари и го донесе во Атлетико, чиј член официјално ќе стане на 1. јули, на денот кога почнува на трансфер пазарот.
„Атлетико Мадрид и Сан Луис постигнаа договор кога станува збор за трансферот на Николас Ибанез,“ се вели во соопштението издадено од страна на Јорганџиите.
Ибанез, секако, не се очекува да биде замена за Антоан Гриземан, но ќе биде опција повеќе во нападот за Симеоне кој сé уште бара вистинска замена за Французинот кој го најави заминувањето.