ФУДБАЛ

Атлетико Мадрид ја отвори вратата на својот најголем ривал!

Атлетико Мадрид е подготвен да му овозможи на Реал Мадрид да ги игра своите домашни натпревари на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Бидејќи стадионот „Сантијаго Бернабеу“ е во фаза на реконструкција, Атлетико нема ништо против нивниот најголем ривал да го користи супер модерниот стадион „Ванда Метрополитано“. Ова го потврди претседателот на Атлетико, Херник Серезо.

„Да се ​​ослободи Ванда? Никој да не се сомнева дека дали ке излезиме во пресрет на Реал“, рече Серезо за време на средбата со градоначалникот на Мадрид.

Слична епизода се случи во 1996 година. Атлетико тогаш играше дел од сезоната на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ додека стадионот „Висенте Калдерон“ беше под реконструкција.

Во Реал, решија да ја завршат сезоната на стадионот „Алфредо Ди Стефано“, кој е дел од тренинг-кампот на Кралскиот клуб, но доколку публиката се врати, не е исклучена можноста да играат на Ванда.