ФУДБАЛ

Атлетико Мадрид по трка за Озил

Озил наскоро ќе го напушти Арсенал, но тешко дека некој ќе плати 35 милиони евра, колку што Венгер бара за него а договорот му истекува по крајот на оваа сезона.

Јунајтед е сериозно вмешан во трката, но ниту статусот на Мурињо не е сигурен, покрај тоа Португалецот има опција со помлади играчи и враќањето на Ибрахимовиќ на позиција полушпиц да се снајде и без Озил, па поради тоа Германецот треба да бара нов клуб.

Опциите се малку, но наводно сега и Атлетико Мадрид се впуштил во трката.

На нив им е потребен плејмејкер, контакт со Озил веќе бил воспоставен, но тој има два услови.

Првиот се подразбира, Атлетико да игра во Лигата на шампионите, а вториот е тешко остварлив и Озил бара Антоан Гризман да остане во клубот, па тој заедно со Французинот и Диего Коста да го сочинуваат убиственото трио на Атлетико.

Извор: Спорт1 МК