Атлетико Мадрид подготви нов договор за тренерот Диего Симеоне. Актуелниот на Аргентинецот истекува на крајот од сезоната.
Желбата на претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо е Симеоне, кој е на чело на тимот од 2011 година, да остане уште три години.
Се верува дека тој би можел да се согласи со условите и да го потпише договорот уште на претстојната репрезентативна пауза.
Сепак, Чоло Симеоне, како и играчите, ќе мора да се согласи на намалување на платите за 45 отсто поради финансиски проблеми.
Клубот сака да заштеди дополнителни 19 милиони евра оваа година, а тоа е само во платите.
Симеоне освои две титули во Ла Лига со Атлетико Мадрид, една Копа дел Реј, шпанскиот Суперкуп, два трофеи во Лига Европа и Суперкупот на УЕФА, а играше и во две финалиња во Лигата на шампионите, губејќи од градскиот ривал Реал.
