ФУДБАЛ

Ауар: Не смееме да одиме во Торино како жртви…

Лион синоќа го совлада Јувентус со 1:0 на домашен терен во првиот натпревар од 1/8 финале во Лигата на шампионите.

Беше голема победа и награда за одличниот настап на Лион. Сепак, францускиот тим има уште многу работа да направи за да ја исфрли „Старата дама“.

По натпреварот, Хусем Ауар, кој беше асистент на единствениот гол за Лион, кратко зборуваше пред медиумите. Исто така вчера, се појавија информации дека челниците на Јувентус го „скаутирале“ Ауар за да можат да се обидат да го спроведат неговиот трансфер во иднина.

„Тоа беше вистински тимски настап“, рече Ауар по мечот  и продолжи:

„Знаевме дека не сме фаворити, но обезбедивме силна партија. Сепак, имаме реванш, не смееме да брзаме …”

„Сите состојки за да се направи добра работа се таму, но првото полувреме заврши, ништо не заврши … Важно е да одиме во Торино со голема амбиција и да не бидеме жртвувани. Мораме да одиме таму со доверба”, рече Ауар.