Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио, откако во денешното полуфинале ја победи селекцијата на Австралија со резултат 97:78.
Австралија ги победи САД во прелиминарните натпревари, а во денешното полуфинале започнаа одлично и се чинеше дека се на добар пат да направат изненадување.
Избраниците на Брајан Горџијан ја контролираа играта во првото полувреме, по што имаа предност од шест поени (24:18), а во вториот дел успеаја да создадат фантастични 15 поени предност (41:26).
Сепак, во последните пет минути од второто полувреме, Австралија одигра очајно. Се чини дека Американците се разбудија и целосно се вратија во натпреварот до крајот на првото полувреме. На полувреме Австралија заминува со само три бода предност, 45:42.
Третата четвртина го реши овој натпревар. Тимот на Грег Попович додаде гас и Австралијците беа целосно разбиени во тие моменти. Овој дел од играта САД го добија со 32:10 и беше јасно дека Австралија нема да може да направи ништо повеќе.
Down 15, the USA survived an early scare from Australia and rallied to move into Saturday's gold medal game! 🇺🇸#Tokyo2020 | #Basketball pic.twitter.com/NsHAaFbwgA
— FIBA Basketball (@FIBA) August 5, 2021
САД потоа полека го приведоа натпреварот до крај и стигнаа до финалето, каде ги чека дуел против победникот од натпреварот помеѓу Словенија и Франција.
Кевин Дурент ги предводеше Американците до победата со 23 поени и девет скока, Девин Букер додаде 20, додека на другата страна Пети Милс постигна 15 поени.