Австралиската фудбалска лига одлучи да не ја користи ВАР технологијата во продолжението на сезоната закажана за средината на август, а претседателот на лигата, Грег О’Рурк, ваквата одлука ја објасни со технички проблеми поврзани со пренесување на звук на навивачите.
Во Австралија сезоната ќе продолжи од 19 август, а полуфиналето на плеј-офот треба да се игра на 22 август, додека финалето е закажано за 30 август.
“Ние донесовме одлука да не користиме ВАР, откако разгледавме голем број фактори. Нашата цел секогаш беше да ја зголемиме точноста во донесувањето одлуки, но и да ја подобриме вмешаноста на навивачите со тоа што ќе дозволиме пренесување на разговорите помеѓу судиите. Ние сепак сакаме да бидеме пионери кога се работи за емитување на комуникација помеѓу судиите, но сè уште сме во фаза на развој. Можеби спак ќе воведеме употреба на ВАР во последната серија“, рече О’Рурк.