Селекторот на австралиската фудбалска репрезентација Греам Арнолд во Доха по поразот од Аргентина изјави дека не може да биде погорд на своите играчи.
Австралија беше поразена од Аргентина со 1:2, во осминафиналето на Светското првенство.
„Им реков на момците дека не можам да бидам повеќе горд на нив и на она што ми го дадоа мене и нивната земја. Тоа беше долг и тежок пат од четири и пол години. Се разбира, малку сум разочаран, бидејќи јас Мислам дека можевме да направиме малку повеќе. Сигурен сум дека земјата е многу горда на овие момци“, рече Арнолд.
Тој додаде дека неговата селекција „одлично завршила работа“ против Аргентина синоќа и покрај поразот.
„Не секој ден играш со третиот најдобар тим во светот и мислам дека завршивме одлична работа. Пред првенството многу луѓе велеа дека сме најлошиот австралиски тим на сите времиња. Се пласиравме во осминафиналето и освоивме шест бода во групата, што никогаш не сме успеале“, изјави Арнолд.
Арнолд исто така рече дека „фудбалот е спорт што ја обединува нацијата“.
„Навивачите беа многу среќни што беа на Светското првенство. Но, така треба да биде секој пат и ни треба владата да инвестира пари во развојот на овој спорт“, изјави Арнолд.