Репрезентацијата на Австрија денеска ја совлада Украина со 1:0 во последното коло од групната фаза на Европското првенство, и се пласираше во осминафиналето.
Австријците успеаја да направат големо изненадување затоа што Украинците влегоа во денешната игра како фаворити. Сепак, Австрија успеа да стигне до победа со одлична тимска игра, што на крајот ги однесе во осминафиналето.
Украинците се мачеа цел натпревар пред голот на Австрија и на крајот едноставно не успеаја да стигнат до целта и бодот што многу ќе им значеше во борбата за излез во нокаут фазата.
На почетокот на играта гледавме голема борба на средина од теренот, а Австријците дојдоа до голот од првата сериозна можност.
Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 21-та минута кога Алаба погоди од корнер, а Баумгартнер реагираше одлично во казнениот простор, постигнувајќи гол за 1:0 и голема прослава на австриските навивачи.
Украинците можеа да израмнат во 29-та минута кога Шапаренко шутираше по соло пауза, но Бахман го одбрани.
Австрија се закани во 37-та минута преку Лајмер, но сега Бушан беше на сигурно. Само пет минути подоцна нова голема шанса за Австрија. Овој пат тоа беше Арнаутовиќ, но топката отиде покрај голот по неговиот удар.
Во второто полувреме, Австријците беа насочени кон зачувување на својата мрежа, додека Украинците сакаа да израмнат на сите можни начини.
Сепак, Украина немаше сериозна шанса во второто полувреме, па Австрија на крајот победи со 1-0 и стигна до втората позиција на табелата, и пласман во осминафиналето.