Денеска се игра 5. коло од групната фаза од Лига Европа.
АЗ Алкмар во рамки од 5. коло од Лига Европа го пречека Партизан и одиграа реми натпревар, 2:2.
Партизан одлично го започна натпреварот, со доста добра игра и пресинг постигнаа два гола во првото полувреме, Асано во 16. и Сомах во 27. минута.
Домаќините во второто полувреме покажаа поголема желба за победа, одиграа на подобро ниво и на крајот тоа им се исплати. Во 84. минута Алкмар остана со игра помалку, Банду доби втор жолт, но евтиниот гол во 88. минута кој го постигна Друијф ја врати надежта кај домаќините, а во 92. минута, Друијф по втор пат ја затереси мрежата и успеа да го изедначи резултатот и со тоа да му обезбеди сигурен пласман во следната фала на Алкмар.
Рома на гостуваѓето во Труција кај Башакшехир, славеше убедлива победа од 3:0.
Италијаните го оправдаа статусот на фаворит, а резултатот го отвори Веретот во 30. минута по прецизно изведениот пенал.
Башакшехир се обидуваше да го изедначи резултатот, но Клуиверт во 41. минута го дуплира водството на италијаните, а на самиот крај од првото полувреме во 45+1. минута Џеко успеа да постини гол и да јо доведе Рома до убедливи 3:0.
Домаќините во второто полувреме, поради водството од 3:0 на Рома, не правеа пресинг и реализираа само 2 напади.
Рома со оваа победа се искачи на второто место и е на +1 пред Башакшехир кој има 7 бода.
Останатите резултатит од натпреварите во 18:55
Бешикташ – Слован Братислава 2:1
Брага – Вофс 3:3
ЦСКА Москва – Лудогорец 1:1
Ференцварош – Еспањол 2:2
Фејенорд – Ренџерс 2:2
Олександрија – Волфсбург 0:1
Сент Ентиен – Гент 0:0
Волфсберген – Б. Мехенгладбах 0:1
Јанг Бојс – Порто 1:2