Интересна приказна сподели Роб Грин, поранешен голман. Тој вели дека Еден Азар го одбил Баерн Минхен пред да се пресели во Реал Мадрид. Причината е многу интересна.
-Баерн го сакаше Азар, но Еден сето тоа го одби. Рече дека не сака да оди во Германија бидејќи неговиот брат игра таму и работите за него би биле поинакви. Еден сакаше да каже дека неговиот брат во Германија е позант како Торган Азар, а не како брат на Еден Азар, изјави поранешниот голман на Челзи, Роб Грин.