Белгискиот фудбалер Еден Азар го пофали тренерот на Челзи Маурицио Сари.
Азар игра како препороден оваа сезона, а во разговор за англиските медиуми порача дека му одговара стилот на игра на Сари затоа што екипата има поголем посед на топката што значи дека тој почесто е во контакт со топката и има шанса да додаде дрибла или шутира.
„Сега имаме други играчи, играчи кои не ги имавме минатата сезона, играчи кои сакаат да ја имаат топката во нозете. Имаме поголем посед на топката“, кажа Азар и додаде:
„Напаѓачите имаат корист од тоа. Имаме повеќе контакти со топката, имаме повеќе простор да создадеме шанса, тоа прави голема разлика. Покрај тоа, тој е Иралијанец и доста внимание посветва на тактиката“, раче Азар.
Азар минатото лето беше блиску до трансфер во Реал Мадрид, но очигледно не се кае што остана во Челзи затоа што во седум досегашни напади постигна шест голови.