Пред две вечери во Париз, Реал Мадрид го победи Ливерпул со 1-0 во големото финале во Лигата на шампионите и на тој начин стигна до својот 14. Трофеј европски шампиони.
Илјадници навивачи на Лос Бланкос ги пречекаа своите херои на прославата во Мадрид, а приликата ја искористи и белгискиот репрезентативец Еден Азар да им се обрати на навивачите.
Покрај тоа што ја потврди желбата да остане во Реал Мадрид, тој даде големо ветување откако го зеде микрофонот во раце.
„Сигурен сум дека следната година е моја, не се сомневам во тоа. Не беше оваа сезона, но ветувам дека работите ќе се сменат“, изјави Еден Азар.
Eden Hazard: “This year I couldn't, but next year I'm going to give everything for you.”
All the players run to hug him.
pic.twitter.com/FWqwGZJDQF— TC (@totalcristiano) May 29, 2022
Инаку, Еден Азар го чинеше Реал Мадрид уште една голема сума пари во вид на бонуси, иако неговиот придонес во освојувањето на трофејот беше минимален.
Напаѓачот донесен од Челзи за 115 милиони евра одигра само 83 минути во последното издание на Лигата на шампионите.
Еден Азар играше со Шериф 66 минути во поразот од 1-2 во групната фаза, девет минути со Интер во победата од 2-0 во шестото коло од групната фаза и осум минути со ПСЖ во поразот од 1-0 во прваиот натпревар од осминафиналето.
Исто така, Азар оваа сезона се соочи со голем број повреди и покрај трите настапи во Лигата на шампионите, одигра уште 20 натпревари во Ла Лига и во Копа дел Реј.
Азар во финалето беше на клупата, но не одигра ниту една минута, дури откако се врати по којзнае какви повреди откако беше член на Реал.