ФУДБАЛ

Азар и Анчелоти не разговараат, Белгиецот се уште нема намера да си замине

Еден Азар призна дека не комуницира со Карло Анчелоти, но дека нема намера да го напушти Реал Мадрид.

Белгиецот е во немилост кај италијанскиот селектор, не добива шанса ниту кога е здрав ниту кога нема офанзивни играчи во тимот.

Азар во едно интервју призна дека не разговара со Анчелоти.

„Мојот однос со Анчелоти? Има само почит, но не разговараме меѓу себе“, рече Азар и продолжи:

„Ми недостига да бидам фудбалер, сакам да играм и да се забавувам. Сакам да се чувствувам корисно. Исто така, сакам да останам во Реал Мадрид и тоа е она што отсекогаш сум го велел. Луѓето имаат одредени сомнежи, но јас се гледам себеси овде и следната година исто така. Трансферот не ми е во плановите. Длабоко во себе сепак верувам дека можам да донесам нешто во тимот и дека тренерот ќе смета на мене. Дали ќе играм повеќе ќе видиме до крајот на сезоната“, рече Азар.

Белгиецот оваа сезона одигра само седум натпревари, со еден гол и една асистенција, има ли причина да се верува дека нешто ќе се промени?