ФУДБАЛ

Азар има јасна желба кога е во прашање новиот клуб

Еден Азар би можел да ја продолжи кариерата во Серија А.

Азар не се прослави во Реал, а шпанските медиуми пренесуваат дека негова голема желба е да се пресели во Милан.

Белгиецот има 30 години и верува дека би можел да блесне и да ги покаже своите квалитети на „Сан Сиро“.

Тој исто така беше поврзуван со Њукасл во последните денови, но тој рече дека не му било предизвик да игра за клубот.

Шпанските медиуми велат дека Азар е подготвен да ги намали годишните побарувања и да се испроба во Милано.

Тој досега беше повеќе повреден отколку здрав во Реал Мадрид. Тој одигра само 54 натпревари на кои постигна пет гола и запиша девет асистенции.

Неодамна Марка објави дека Белгиецот би можел дури и да заврши во втората лига на Белгија во Вестерло.

„Јас и Еден сме пријатели. Кога играше за Лил, ми вети дека еден ден ќе игра за Фенербахче. Вестерло изгледа како потешка опција, но зошто да не ја заврши кариерата тука“, изјави Хасан Цетинкај, сопственикот на клубот.

ПОВРЗАНО

Серија А