ФУДБАЛ

Азар избувна против Конте и Сари: Фала Зидан, со нив двајцата …

Во интервјуто на списанието „Sport“, Еден Хазард, Белгиецот кој игра за Реал Мадрид, се наврати во неговата авантура во Челси и двајцата тренери кои го тренираа, Антонио Конте и Маурицио Сари. Споредувајќи ги со Зидан и со методите на французинот, Белгиецот наоѓа многу разлики.

„Тренингот во Реал е само со топката. Задоволството од игра, пред сè. Потезите, тренинзите, натпреварите … Кога ги познавате италијанските тренери, како јас што ги знам, ви недостасува оваа забава и уживање. Сето тоа е построго и повторливо. Јас бев со италијански тренери веќе три години и тренирам исто. Со Зидан, тренинзите се забавни и возбудливи“.