ФУДБАЛ

Азар ја сака ѕвездата на Ливерпул во Реал Мадрид

Еден Азар ова лето пристигна во Реал Мадрид како најголемо засилување, па сигурно Белгиецот ќе биде важен фактор и во соблекувалната.

Летната реконструкција на „кралевите“ се уште не е завршена и Реал планира да донесе уште неколку нови фудналери, а претседателот Флорентино Перез наводно се консултирал со Азар.

„Дон Балон“ пренесува дека Азар го предложил својот ривал од Премиер лигата и ѕвезда на Ливерпул, Садио Мане.

Тешко е да се верува дека Ливерпул ќе го пушти еден од најдобрите свои фудбалери, но доколку Реал успее да го продаде Бејл во скоро време и да се ослободи од неговата плата, може да испрати богата понуда за Сенегалецот.

Садио Мане е голема желба и на тренерот Зинедин Зидан, а Азар верува дека ќе биде идеално засилување за тимот, па му го предложил на раководството.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига