ФУДБАЛ

Азар: Ќе ги победиме Хрватите

Еден Азар, капитенот на Белгија, верува дека неговиот тим може да се пласира во осминафиналето.

Бронзените од последното Светско првенство беа разочарувачки во првите два меча. Прво ја победија Канада со 1:0 иако беа инфериорни во текот на целиот натпревар, а потоа беа поразени од Мароко со 2:0. Во игра ги остава само триумф против Хрватска.

„Не не гледам на излезната врата од Светското првенство. Ќе ја победиме Хрватска, се надевам дека ќе ги видиме насмевките на нашите навивачи по тој натпревар, а потоа ќе продолжиме понатаму“, изјави Азар.

Медиумите во Белгија пишуваа за конфликтот меѓу играчите по поразот од Мароко.

„Ништо големо не се случи по Мароко. Имавме добар разговор каде кажавме многу работи. Мораме подобро и ќе дадеме се од себе тоа да го покажеме“, изјави Азар.

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026