Белгискиот фудбалер на Реал, Еден Азар планира да остане во мадридскиот клуб до крајот на договорот, односно до 30 јуни 2024 година, објави британски Атлетик.
Белгискиот фудбалер моментално е во втор план на тренерот на Реал, Карло Анчелоти, а Азар оваа сезона одигра само 296 натпревари за „кралскиот клуб“.
Атлетик потсетува дека Азар во Реал пристигна во 2019 година од Челзи за 100 милиони евра. Во меѓувреме се активирани одредени бонуси, а Белгиецот досега го чинеше мадридскиот клуб дури 115 милиони евра.
Белгискиот фудбалер требаше да биде главен играч во мадридскиот клуб, но поради лошата форма и проблеми со повреди не можеше да се избори за место во стартниот тим.
Азар (32) од доаѓањето во Мадрид за Реал одигра вкупно 73 натпревари и постигна седум гола. По Светското првенство во Катар реши да се повлече од репрезентацијата на Белгија.
