Саудискиот клуб Ал Наср кој неодамна го доведе Кристијано Роналдо го посакува и Еден Азар, најскапиот фудбалер во историјата на Реал Мадрид.
Белгискиот репрезентативец не е во добра форма, никогаш не се наметнуваше во Реал, а Винисиус Јуниор постојано игра и се истакнува на својата позиција.
Затоа, трансфер во Саудиска Арабија би бил еден од логичните потези за него. Таму ќе го пречека тренерот Руди Гарсија, со кого се познаваат уште од Лил, каде и двајцата се прославија.
Азар има 32 години, а оваа сезона одигра 13 натпревари за Реал. Постигна еден гол и еднаш асистираше. Реал го донесе пред три години за 115 милиони евра, а денес вреди седум и пол милиони според Трансфермаркт.
