Некогаш еден од најдобрите светски фудбалери Еден Азар е разочаран од односот на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
Еден Азар пристигна во Реал од Челзи и требаше да биде играч кој ќе биде главна ѕвезда на тимот, но честите повреди и лошата форма го спречија во тоа.
Азар повеќе време поминуваше на лекување отколку на тренинзи, но и кога е здрав, Анчелоти не е во преден план.
Така беше и синоќа, во Куп дуелот во кој Реал загуби од Атлетик Билбао. Азар остана на клупата и покрај тоа што тренираше без ограничувања долго време.
Азар е незадоволен од односот на Анчелоти, барем според извори блиски до белгискиот фудбалер, но поради атмосферата во соблекувалната не сака јавно да зборува за тоа.
Истите извори наведуваат дека Азар ќе побара разговор со италијанскиот стручњак при што ќе го изрази своето незадоволство, а дали после тоа ќе се промени неговиот статус останува да видиме.
Инаку, Азар досега одигра 14 натпревари во првенството, од кои осум стартуваше како стартери. Тој не се запиша во листата на стрелците, а забележа една асистенција.