ФУДБАЛ

Азар ни во Белгија не може да го избегне прашањето за Реал

Белгискиот репрезентативец Еден Азар уште еднаш беше запрашан за можниот трансфер во Реал Мадрид.

Азар е голема желба на Мадрид и новиот тренер Зинедин Зидан има намера да го има во тимот следната сезона.

За Азар и Реал Мадрид одамна се пишува, а и самиот играч секогаш говореше дека неговиот сон е да игра во дресот на Реал Мадрид и дека Зидан му е омилен…

„Во моментов не работам на тоа. Сакам да играм добро со Челзи неколку месеци и да се обидеме да ја освоиме Лигата на Европа. Оваа недела мислам на националниот тим на Белгија, а потоа ќе се вратам во Челзи после тоа ќе видиме“, изјави Азар за новинарите во Белгија.

Азар постојано одбива да зборува поконкретно за оваа тема, но сигурно е дека може да го носи кралскиот дрес.

Да потсетиме дека Реал веќе им испрати понуда од 80 милиони евра, но Челзи ја одбија.