ФУДБАЛ

„Азар погреши, тој ќе станеше најдобар играч на светот во Барса“

Менаџерот Џон Бико, кој претходно ги застапуваше интересите на Еден Азар, призна дека трансферот на Белгиецот во Реал Мадрид е грешка.

Тој верува дека Азар можел да стане најдобриот фудбалер на светот доколку се пресели во Барселона.

„Трансферот на Азар во Реал беше грешка. Тоа беше избор на срце за кое нема јасна причина. Требаше да го напушти Челзи една година порано, и јас не би го советувал да го избере Мадрид. Луѓето не ја разбираат или забораваат размерот на тој тим што игра со силно темпо и со голем интензитет. Таленти како Хамес Родригез не успеаја да се прилагодат во Реал“, рече Бико и продолжи:

„Барселона – тука требаше да оди Еден. Со нив топката се движи побрзо од играчот. Азар би имал поголема слобода на теренот во Барса, топката секогаш би била во неговите нозе. Во тој тим, тој ќе станеше најдобриот фудбалер на светот.”

Белгискиот репрезентативец дојде во Реал Мадрид од Челзи летото 2019 година во трансфер вреден 115 милиони евра, но поради честите повреди не ги оправда очекувањата.

Неговиот договор со клубот од главниот град на Шпанија истекува во летото 2024 година.