ФУДБАЛ

Азар се прости од репрезентацијата на Белгија

Еден Азар со објава на социјалните мрежи се прости од репрезентацијата на Белгија.

Еден од најдобрите белгиски играчи на сите времиња го одигра последниот натпревар за националниот тим во третото коло од групата Ф на Светското првенство против Хрватска. Заврши 0:0, Хрватска мина, а елиминирана е Белгија.

„Отворам нова страница. Ви благодариме за сета љубов, поддршка и среќа што ги споделуваме од 2008 година. Решив да ја завршам репрезентативната кариера бидејќи е време за нови лица. Момци, ќе ми недостигате“, напиша 31-годишниот Азар.

Азар за националниот тим дебитираше во 2008 година на пријателскиот натпревар против Луксембург. За Белгија одигра 126 натпревари и постигна 33 гола, а последен пат постигна пред година и пол во квалификациите за Светското првенство против Чешка.

Со Де Брујн, Лукаку и други ѕвезди ја формираше најсилната белгиска генерација во историјата, која не освои ништо. Најдалеку стигнаа на Светското првенство во Русија пред четири години, кога во полуфиналето загубија од Франција со 1:0 со голот на Самуел Умтити во 51. минута. Подоцна стигнаа до утешното трето место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eden Hazard (@hazardeden_10)