И покрај гласините за можно заминување, Еден Азар не го мисли истото, барем не во јануарскиот преоден рок.
Белгискиот репрезентативец никогаш не јпостигна форма каква што имаше во Челзи и сега не игра толку во Реал Мадрид.
Сепак, тој знае дека за да стигне до стартните 11 мора да биде трпелив и да работи напорно.
Иако оваа сезона нема доволно минутажа, Азар не е во лоши односи со тренерот Карло Анчелоти.
Винисиус моментално важи за неприкосновен стартер по левата страна со формација 4-3-3.
Но, во текот на оваа сезона, Анчелоти се обидуваше да направи простор за Азар менувајќи ги составите и играјќи во системот 4-4-2, каде што Белгиецот се пресели на својата идеална позиција зад напаѓачите.