Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Рајан Бабел, е принуден повторно да бара нов клуб.
Холанѓанецот не е во плановите на Галатасарај, и тоа е причината зошто тој беше на позајмица во Ајакс оваа зима, но тој не се покажа премногу во својот матичен клуб.
Девет одиграни натпревари и само еден постигнат гол се далеку од она за што се надеваа во Ајакс кога го вратија Бабел, и не е ни чудно што на крајот донесоа одлука да не го купат неговиот договор од Галатасарај.
Бидејќи, Терим не го сака, агентот на Бабел веќе бара нов клуб, при што странските медиуми објавија дека му го понудил и на Андерлехт и на Лил.
„Андерлехт е во криза и тешко е да се верува дека може да издвои два и пол милиони евра годишно за неговата плата, така што опцијата е, засега, само Лил“, пишуваат странските медиуми.
Најдобрите денови во кариерата на Бабел се поврзани со периодот во Ливерпул, во кој беше од 2007 до 2011 година. Тој има настапувано и во Хофенхајм, Касимпаша, Ал-Аин, Бешикташ, Фулам …