ФУДБАЛ

Баерн брилијантно го заврши првиот дел од сезоната, не можеше без Левандовски

Натпреварот од 17. коло на германската Бундес лига вечерва го одиграа Баерн и Волфсбург, а домашните славеа со 4:0.

По само седум минути Баварците поведоа, а стрелец беше Мулер.

Само минута подоцна шанса гостите експресно да стигнат до израмнување, но Нојер излегува како победник од дуелот со Воут Вегхорст.

 

На новиот гол се чекаше до 57. минута кога погоди Упамекано, а само минута подоцна Сане постави 3:0.

Натпреварот не можеше да помине без Роберт Левандовски да постигне гол. Победата ја потврди во 87. минута од натпреварот.

Баерн со тоа е прв со 43 бода, девет бодови и има еден натпревар повеќе од Борусија Дортмунд, која е нивна прва придружничка.

 

Волфсбург е на 12. позиција со 20 бодови, само три повеќе од опасната зона во која се наоѓа Аугсбург.

 

Сега следува тринеделна пауза, а во следното коло, на 7 јануари следната година, Баерн ја пречекува Борусија Менхенгладбах, додека Волфсбург ќе игра против Бохум.