Баерн Минхен е познат како тим кој не сака да троши премногу пари.
Баварците не се клуб кој секој преоден рок ќе троши стотици милиони евра на засилувања и најмногу успеваат да ги доведат играчите кои ги посакуваат.
Следното лето наводно би можело да донесе голем трансфер за Баварците. Така барем тврди поранешниот технички директор на клубот Михаел Решке.
„Баерн штеди пари за да направи мега трансфер во летниот преоден рок“, изјави тој за Билд, но не спомна имиња.
Баерн е еден од клубовите кои се поврзуваат со Ерлинг Халанд, но останува да се види дали зборовите на Решке ќе испаднат точни и кој ќе биде тој мега трансфер.
Исто така, Решке ја отфрли можноста во клубот да дојде Сергино Дест, кој долго време е желба на баварскиот великан. Тој е агент на играчот и го одби неговото заминување од Каталонија.
„Дест нема амбиции да замине и да менува клубови. Мислам дека нема шанси да дојде во Минхен ниту следното лето“, изјави Решке.
Сепак, некој од неговите играчи би можел да дојде на Алијанц Арената. Тоа е 16-годишниот фудбалер на Хофенхајм, Том Бишоф.
„Неговиот договор со Хофенхајм истекува. Има интерес од клубовите и знаеме дека Јулијан Нагелсман има високо мислење за него“, изјави Решке.