ФУДБАЛ

Баерн доби големо засилување за вечерва

Баерн во вторник навечер ја пречекува Бенфика во натпревар од Лигата на шампионите и е на прагот да обезбеди нокаут фаза.

Баварците во првите три кола се на девет бода и три победи и имаат импресивна гол-разлика 12:0. Тие се апсолутни фаворити вечерва против Бенфика, а ги поддржува и тоа што ќе бидат посилни за тренерот Џулијан Нагелсман.

Нагелсман откри дека е позитивен на коронавирус во Лисабон при гостувањето кај Бенфика, поради што пропушти два натпревари во Германија.

Сепак, последните тестови покажаа негатива и тој вечерва против Бенфика во натпреварот од 4.коло ќе биде на клупата на Баварците.

Секако, улогата на фаворит немаше да се смени без Нагелсман, но со него на клупата германскиот шампион ќе има уште поголеми шанси за победа и заверување во осминафиналето во најелитното клупско натпреварување.