14-то коло од сезоната Бундес-лига 2019/20 донесе интересни резултати, Борусија Менхенгладбах го совлада владеечкиот шампион Баерн Минхен, додека Дортмунд ја понижи Фортуна Дизелдорф.
Борусија Менхенгладбах 2:1 Баерн Минхен
Менхенгладбах го дочека германскиот првак Баерн Минхен на „Борусија Парк“ со надеж дека ќе обезбеди победа за да ја задржи лидерската позиција на табелата во Бундеслигата.
Менхенгладбах го постигна токму тоа, освојувајки три бода на натпреварот и ја зголеми предноста пред Баерн за седум поени.
Баерн беше целосно доминантен во првото полувреме, и беа најдобриот тим во текот на поголемиот дел од второто полувреме. Сепак, тоа не беше доволно за Баерн во овој натпревар. Резултатот го отвори Иван Перишиќ во 49-та минута и ги доведе гостите до водство.
Монхенгладбах се врати на изедначување со погодокот постигнат од Рами Бензебаини во 60-тата минута од натпреварот, кој исто така го постигна победничкиот гол од пенал во 90-та минута откако Мартинез доби црвен картон.
Дортмунд 5:0 Дизелдорф
Додека, останатите гиганти во Бундес-лигата водеа жестока битка, Дортмунд успеа да дојде до длабока домашна победа против Фортуна Дизелдорф со 5:0, благодарение на Џејдон Санчо (63. и 74. минута) и Марко Ројс (42. и 69. минута) и Торган Хазард постигна еден гол во 58. минута.
Тековна табела во Бундеслигата:
