ФУДБАЛ

Баерн е подготвен да ја исполни желбата на Рудигер

Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер (28) е подготвен да го носи дресот на Баерн од следната сезона.

Одличниот дефанзивец игра навистина добро во дресот на Челзи и „сините“ му понудија нов договор вреден осум и пол милиони евра по сезона.

Сепак, Рудигер верува дека вреди повеќе. Тој сака плата од повеќе од 10 милиони евра, а Баерн е подготвен да му ја понуди.

Нема да биде изненадување доколку Рудигер на крајот заврши во Минхен, но треба да се напомене дека постои сериозен интерес и од други клубови и за неговите услуги.

ПСЖ и Реал Мадрид исто така се подготвени да го доведат во своите редови и германскиот фудбалер ќе има слатки маки при изборот на нов клуб.