Поранешниот репрезентативец на БиХ, Хасан Салихамиџиќ, пет години е спортски директор на Баерн.
Иако на негова сметка имаше многу критики, мора да се признае дека одлично си ја врши работата. Под негово водство, тимот напредува, освојува трофеи сезона по сезона и станува се помоќен.
Поради добрата работа Салихамиџиќ минатата година беше назначен во бордот на директори и доби уште поголеми овластувања во клубот, а сега едногласно е одлучено да потпише нов договор до летото 2026 година. Претходниот договор го врзуваше за Баварците до следното лето.
„Хасан Салихамиџиќ заврши одлична работа во петте години колку што беше на чело на Баерн. Континуирано го развива структурно и лично спортскиот терен на нашите стручњаци и таленти. Заедно со нашите резултати на теренот, тој секогаш внимава на економско опкружување. Одборот ќе продолжи успешно да го обликува спортот на ФК Баерн во годините што доаѓаат“, рече претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.
Хасан Салихамиџиќ секако е благодарен за довербата што ја доби.
„Му благодарам на Надзорниот одбор за укажаната доверба, а особено на претседателот на Надзорниот одбор, Херберт Хајнер, кој ги поддржуваше моите идеи и планови во секоја фаза. Секогаш велев: Го сакам Баерн, Минхен е мојот дом. Многу сум задоволен дека нашата многу добра и на крајот силна соработка можеме да продолжиме до 2026 година. Мојата цел и целта на моите колеги од одборот, на кои исто така сакам да им се заблагодарам, е да им понудиме на нашите членови и навивачи на национално и меѓународно натпреварувачки и успешен тим секоја сезона, базиран од економски причини Ќе продолжам да давам се од себе за ова – на многу добар пат сме“, изјави поранешниот играч на Баерн.
Со него на чело, Баерн освои пет титули во Бундеслигата, два купа во ДФБ, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Салихамиџиќ беше играч на Баерн од 1998 до 2007 година и, како и сегашниот извршен директор Оливер Кан и клупскиот амбасадор Џоване Елбер, беше дел од тимот на Баерн кој ја освои титулата во Лигата на шампионите во Милано во 2001 година.