ФУДБАЛ

Баерн го претстави новиот дрес со значителни промени

Баерн Минхен денеска официјално го претстави новиот дрес кој ќе го користи во сезоната 2022/2023.

Како и секогаш, Адидас се погрижи Баерн да го добие најдоброто од најдобрите, а новиот дрес направи значителни промени во однос на оваа сезона.

Така, на предниот дел од дресот сега има хоризонтални бели линии кои целосно го менуваат изгледот во однос на дресот што се користи оваа сезона.

Фудбалерите на Баерн во нов дрес викендов првпат ќе истрчаат на теренот на натпреварот против Штутгарт, а навивачите веќе можат да го купат во официјалната клупска продавница.

Оригиналниот дрес чини 140 евра, а репликите меѓу 70 и 100 евра.