Баерн продолжува да ја гради иднината, и секако во најголем дел се заснова на млади и талентирани фудбалери.
Затоа Баерн продолжи да носи талентирани деца, па официјално младиот Шкотланѓанец Бери Хепберн стана нов член на германскиот и европскиот шампион.
Момчето има 16 години, но може да игра од обете страни како крило. Тој веќе настапуваше за шкотската репрезентација на кадети и се смета дека има голем потенцијал.
Баерн го донесе од младинскиот тим на Селтик и тој ќе продолжи да се развива на академијата на Баерн, сè додека не добие вистинска шанса во редовите на Баварците.
Покрај него, Баерн порано донесе уште едно талентирано момче од Селтик, а тоа е дефанзивецот Лиам Морисон, кој се пресели во Минхен минатото лето.
https://www.instagram.com/p/CEbSneLCKuo/?utm_source=ig_embed