Томас Мулер реагираше веднаш по ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите.
Несомнено најголемо внимание привлекува групата Ц во која се Баерн, Барселона и Интер. Заедно со овие три големи европски екипи, тука е и Пилсен.
Ќе биде посебно да се гледаат дуелите меѓу Баерн и Барселона, особено сега кога Роберт Левандовски е член на Каталонците, откако осум години беше жител на Минхен.
Неговиот поранешен соиграч Томас Мулер му испрати порака на Инстаграм. Господине Левандовски, се гледаме наскоро во Минхен“, изјави Германецот.
« Mr Lewangoalski, on se voit bientôt à Munich »
Thomas Müller réagit au tirage sur Instagram 👀pic.twitter.com/w9YXURuK4P
— BeFootball (@_BeFootball) August 25, 2022
Мулер и Левандовски се големи пријатели, со години ги дробат ривалите заедно, а сега ќе се најдат на спротивни страни.
Новинарите во Каталонија сметаат дека Барселона немала среќа при ждрепката со оглед на тоа што од првиот шешир го добиле Баерн, а од третиот Интер.
Левандовски освои дури 19 трофеи во Минхен – осум титули во Бундеслигата, три Купа на Германија, пет германски Суперкупа и по еден трофеј во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското првенство во купот.
И Барселона и Баерн добро се засилија во текот на летото. Додека Левандовски е најголемата ѕвезда на летото која пристигна во Барса, тој епитет во Баерн му припаѓа на Сенегалецот Садио Мане, кој беше купен од Ливерпул и веќе брилјира на стартот од сезоната во дресот на Баварците.
Исто како Полјакот во дресот на Барса, затоа што постигна два гола во победата над Реал Сосиедад во неделата.