ФУДБАЛ

Баерн и РБ Лајпциг приредија спектакл во Минхен

Дерби натпреварот од 21. коло на германската Бундес лига го оправда тој епитет.

Баерн во одличен натпревар го совлада РБ Лајпциг со 3:2.

Баварците поведоа во 12. минута со голот на Милер, а потоа имаа повеќе шанси кои не ги искористија.

Сепак, гостите ја искористија првата вистинска шанса и Силва во 27. минута погоди за 1:1 на асистенција на Лајмер.

Ново славје за домашните играчи и навивачи носи Левандовски со гол за 2:1 во 44. минута, асистент беше Коман.

Продолжението на дуелот подобро го отвора тимот од Лајпциг и круната на се пристигнува во 53. минута. Нкукнку го искористи додавањето на Лајмер и погоди за 2-2.

Пет минути подоцна невниманието на Гвардиола си постигна автогол и беше 3:2 за Баварците.

До крајот на натпреварот имаше можности и пред двата гола, но останаа до крајот 3:2 и Баварците се зацврстија на лидерската позиција со 52 бода, меч повеќе и девет бода повеќе од Дортмунд, додека Лајпциг е на седмата позиција. со 31 поен.