ФУДБАЛ

Баерн испрати и трета понуда за Мане, се верува дека Ливерпул конечно ќе прифати

Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане речиси сигурно следната сезона ќе игра за Баерн.

По финалето во Лигата на шампионите и поразот од Реал Мадрид, Мане јасно му порача на Ливерпул дека има намера да си оди иако има уште една година договор. На крајот клубот е подготвен да го продаде, а засега се водат напорни преговори со Баерн кој договорил се со играчот и само чека Ливерпул да каже „да“.

Ливерпул сепак ги одби првите две понуди и сега е многу блиску до договор. „Црвените“ побараа 50 милиони евра, но сега попуштија со тоа барање и инсистираат на 41 милион евра. Баерн даде 30 милиони евра, но германскиот шампион во третата понуда подготви 35 милиони со дополнителни пет милиони евра во вид на бонуси.

Се чини дека двата клуба полека се приближуваат до конечен договор. И двата клуба се свесни дека ова е најдобро за сите и наскоро треба да се договорат за еден од најинтересните и најзвучните трансфери ова лето.

Мане беше клучен играч за Ливерпул покрај Мохамед Салах, но на „Енфилд“ беа свесни дека порано или подоцна ќе мора да се откажат од еден од двајцата одлични крилни напаѓачи, но успеаја порано да го доведат одличниот Луис Дијаз, а ова лето доаѓа и талентираниот Уругваец Дарвин Нуњез, па заминувањето на Мане полесно ќе се преболи.

Сенегалецот дојде во Ливерпул во 2016 година од Саутемптон, а претходно играше за Мец и Салцбург. Минатата сезона постигна 21 гол на 47 натпревари, од кои 16 гола во Премиер лигата и пет во Лигата на шампионите.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига