Баерн вечерва ја совлада Викторија Келн со 5:0 на гостински терен во натпреварот од првото коло на ДФБ Покал.
Баварците очекувано победија на овој натпревар и се пласираа во следната рунда од ова натпреварување.
Баерн поведе во 35. минута кога Гравенберх брилијантно ја погоди мрежата на домаќините за 1:0.
Гостите од Минхен го постигнаа вториот гол во првата минута од судиското надополнување на првото полувреме. Гравенберх овојпат беше асистент, а голот за 2:0 го постигна Тел.
Се беше решено во 53. минута. Овојпат во центарот на вниманието беше Садио Мане кој на асистенција на Гнабри го зголеми резултатот на 3:0.
Баерн го постигна четвртиот гол во 67. минута кога во листата на стрелците се запиша Мусиала.
Конечните 5:0 ги постави Горецка во самиот финиш на натпреварот.