Фудбалерот на Баерн Минхен, Садио Мане е суспендиран од клубот на еден натпревар, и парична казна, поради судир со соиграчот Лерој Сане во соблекувалната по натпреварот во вторник против Манчестер Сити.
Двајцата играчи си разменија тупаници, Сане го презеде најголемиот товар, со исечена, но и отечена усна. Тој цело време се обидуваше да се скрие од очите на јавноста кога тимот слета во Минхен.
Мане нема да биде во тимот против Хофенхајм в сабота, а ќе следат дополнителни дискусии и размислувања.
Двајцата си размениле зборови за време на средбата на „Етихад“, но по мечот се ескалирало во соблекувалната.
Веќе се шпекулира дека Мане би можел да го напушти Баерн на крајот од сезоната . Во моментов не е во преден план со Томас Тухел, излезе од повреда и има информации дека не се вклопил добро во целиот систем и тимот. Во текот на шестгодишниот период на играње за Ливерпул, Мане немаше поголеми инциденти со соиграчите, освен што многу се зборуваше за неговиот однос со Мохамед Салах, кој не беше најдобар, но беше далеку од физички пресметки.
Мане и Сане му се извинија на остатокот од тимот на тренингот претходно во текот на денот.
